Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД КРИВА ПАЛАНКА - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
а) Стварна надлежност

Основниот суд во Крива Паланка е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основниот суд во Kрива Паланка е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно – правните и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови за наследно – правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- други работи утврдени со закон.

б) Месна надлежност

Основниот суд во Крива Паланка се оснива за подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

  • Историјат
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи
Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија, а со самото тоа и во Крива Паланка и Кривопаланечко, почнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ке се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови – судовите на партизанските одреди, во овој период се јавуаат специфичен вид на правосудни органи, хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа, прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите сфери на живеењето во тој период. Секој од овие судски оддели бил составен пд прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територијата на округот. Судиите во советот многу често немале правничко образование, но по правило, секретарот на секој судски одбор бил правник, именуван од Президиумот на АСНОМ.

Делокругот на работа на овие судови сообразувал со времето во кое се формирани па така најголемиот број од случаите што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпионите и соработниците на окупаторот, нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ како и зачувување на придобивките на револуцијата, а многу поретко заштитата на имотот на граганите и нивните мегусебни спорови.

На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околиски суда, 3 обласни суда со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.

Во почетоците на своето работење Околискиот суд во Крива Паланка се соочувал со низа кадровски, просторни и материјално-технички проблеми. Својата функција судот ја вршел во старата, трошна куќа наречена „баба Виткина куќа“ која се наогала зад сегашната зграда на ОВР Крива Паланка, пред некогашниот сточен пазар.
Што се однесува до предметите кои ги работел судот во тој период највеќе биле застапени кривичните дела, осетно голем број на оставински предмети, во судот се воделе таписките и интабулациски книги а се укажувала и правна помош на граганите. Што се однесува до граганските предмети, и тие били застапени во доста голем број но во специфична форма.

Со донесувањето на сојузниот и републичкиот Устав во 1963 година, еден од 25-те околиски судови, формирани со повелбата на АСНОМ, Околинскот суд во Крива Паланка е преименуван во Општински суд Крива Палака, со седиште во Крива Паланка а надлежен за подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Во средината на 1956 година, сега веке Општинскиот суд во Крива Паланка добива нешто поповолни услови за работа, затоа што се преместува во просториите на некогашниот „официрски дом„ во Крива Паланка, во непосредна близина на старата автобуска станица во Крива Паланка и на градскиот плоштад. Заедно со подобрените просторни услови за работа се подобруваат и материјалните услови за работа, па така записниците и одлуките веке не се пишуваат на рака туку судот е опремен со посовремени американски машини за писување од марката „Ремингтон“. Во 1973 година е изградена нова зграда на судот, во која судот е сместен и денес а која се наога непосредно на градскиот плоштад.

Судот бил надлежен за одлучување по сите видови предмети од граганската материја како и за кривични предмети за кои е пропишана казна затвор до 10 години. Како карактеристични предмети по кои постапувал Општинскиот суд Крива Паланка, кои се јавуваат како резултат на специфичните облигациони односи произлезени од тогшното ниво на општествено-економски резвој на ова подрачје во овој период , посебно во 60-тите и 70-тите години се т.н. „кесим„ спорови (модифициран вид на спорови настанати од облигационите односи по повод закуп на недвижно земјиште заради обработка), „момски хак„ (спорови кои произлегуваат од специфичните наемни односи на помошници за вршење на полоделски и помошни работи во домакинството), „наполница„ и слично.

Со донесувањето на Законот за судовите од 1996 година, Општинскиот суд во Крива Паланка е преименуван во Основен суд Крива Паланка. Во поглед на надлежноста новата организација на судовите не донесува драстични промени во работењето на Основниот суд Крива Паланка. Судот бил надлежен за одлучување граганската, кривичните и други предмети и тоа во рамките на основната стварна надлежност што ја имал според тогашниот закон за судовите.

Како карактеристични предмети што се јавуваат во овој период, а и денес се предметите од кривичната материја кои произлегуваат од близината на граничниот премин „Деве Баир“ и големиот број на прекршочни предмети, како и предметите од граѓанската материја поврзани со сопственоста и запишување на правото на сопственост, како и работните спорови, карактеристични за транзициониот период.

Што се однесува до просторните капацитети и материјалните и други услови за работа, во споредба со минатото ситуацијата е значително подобрена па за овој период може да се каже дека судот ги има сите услови за нормално вршење на својата функција. Во 2003 година судската зграда е реновирана и е дограден уште еден спрат на судската зграда. Нешто пред тоа е започната и компјутеризацијата на судот, што се зачетоци на големите просторно-технички и организациони промени кои денес се во голем дел се заокружуваат во една целина.
Структура на судска зграда
Основниот суд Крива Паланка е сместен во четирикратна зграда, во која на три ката и тоа првиот, третиот и четвртиот е сместен Основниот суд Крива Паланка, додека вториот кат судот го дели со ОЈО од Крива Паланка.

Приземје
Поради специфичната структура на судската зграда на приземјето се наогаат само просторијата во која е сместена судската полиција.

I Кат
На првиот кат се наогаат просториите во кои е сместено приемното одделение, извршното и извршно-прекршочно одделение, кривичното и вонпарничното одделение, како и три судници.

II Кат
На вториот кат се наога граганското одделение, судницата бр.4 и просториите на ОЈО од Крива Паланка.

III Кат
На третиот кат се наоаат четири судски кабинети како и кабинетот на истражниот судија, просториите на претседателот на судот, просторија во која се сместени стручните соработници како и просторија за техничкиот персонал.

IV Кат
На четвртиот кат се сместени три судиски кабинети, прекршочниот оддел, просторија за стручни соработници, како и просториите на техничкиот персонал и книговодителот. На четвртиот спрат се наоѓа и библиотеката на судот, која воедно се користи и како сала за состаноци.