Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
 
Местоположба
Основниот суд Крива Паланка се наоѓа во центарот на градот Крива Паланка, на ул. “М Тито“ бр. 142, непосредно до Градскиот плоштад.

Судот е сместен во четирикратна зграда во чија непосредна близина се лоцирани Градскиот плоштад, Градскиот парк, и просториите на Македонски телекомуникации.

Мапа со локација на судот: ТУКА
 
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Крива Паланка ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Крива Паланка ја сочинуваат следните групи на информации:
1 Општи информации за судот 3 Судска Власт
2 Судска пракса 4 Контакт информации
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Крива Паланка со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Крива Паланка или да го симнат тука.

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Крива Паланка, ул. “Св.Јоаким Осоговски “, бр.142 или на e-mail: oskrivapalanka@yahoo.com, како и на факс бр.031 374-822.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 031 375-322.

Основен Суд Крива Паланка согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Валентина Николоска.
 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.
 
Име и презиме:
Адреса:
Телефон:
Емаил Адреса:
 *    
Тема на Пораката:
 *  
 
Содржина на Пораката:
 *  
 
 
Полињата означени со * се задолжителни.